fbpx

Фотографиите од дотрајаните бараки ВМРО-ДПМНЕ да му ги испрати на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дури и самата ВМРО-ДПМНЕ денеска најдиректно ја потврди катастрофалната состојба во којашто 10 години се наоѓаат просториите во коишто учат и работат студентите.

Фотографиите од дотрајаните бараки коишто ВМРО-ДПМНЕ ги испратила до медиумите се уште еден доказ дека Никола Груевски 10 години целосно ги заборави студентите.

Наместо до медиумите, ВМРО-ДПМНЕ треба овие фотографии да му ги испрати на Никола Груевски и да му каже дека поторши 630 милиони за споменици а студентите учат и работат во катастрофални услови после 10 години негово владеење.

10 години Никола Груевски мислеше само на провизиите, плацевите на Водно, мерцедесот од 600 000 евра, очилата од 60 илјади долари, тендерите за фамилијата, кумот Ставрески и братучедот Мијалков….

Цели 10 години, премиерот во заминување, Никола Груевски не изгради ниту еден студентски дом.

Решенијата за подобар студентски стандард и подобри услови за студирање доаѓаат по промените на 24-ти април и победата на СДСМ.
Затоа студентите имаат идеја: збогум Никола!

 

Скопје, 09.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести