Доста е со лаги и пропаганда, и од ВМРО-ОКГ и од Левица.
Додека едните се обидуваат да ја претстават опозицијата како виновна за загубата на 4 милиони евра, а другите тврдат дека сите добиле пари за пропаганда, вистината е многу поедноставна и многу посериозна.
ВМРО-ОКГ и нејзиниот сателит, Левица, заедно го блокираат европскиот пат на Македонија.
Левица е отворено против ЕУ и НАТО во земја која е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ. Таа е јавен антиевропски играч.
ВМРО-ОКГ, пак, се претставува како проевропска, но во реалноста делува како прикриен proxy на руски интереси, со блокирање на реформите, со одржување на изолацијата и со постојано создавање изговори за да не се продолжи со европскиот пат.
Резултатот е ист: Македонија не губи 4 милиони евра. Македонија губи милијарди евра од европски фондови, инвестиции и перспектива за подобар живот.
Губи иднина.
Додека ВМРО и Левица се занимаваат со меѓусебни обвинувања и со ширење лаги, граѓаните ја плаќаат цената.
Доста е со вашите игри. Македонија заслужува да се движи напред, а не да биде заложник на оние кои свесно ја држат во изолација.


