Соопштение за јавност
Организираната криминална група ВМРО денеска повторно се обидува да ја префрли вината на некој друг.
Вистината е спротивна, oрганизираната криминална група ВМРО е таа што бара алиби.
Тие создаваат вештачки конфликт околу Изборниот законик, намерно туркаат спорни одредби за изборен грабеж, за да го прикријат сопствениот неуспех со реформите и целосното блокирање на европскиот пат.
Тие тврдат дека Македонија е „лидер во регионот“ во исполнувањето на Реформската агенда а европскиот пат е целосно закочен.
Фактите покажуваат да рокот 1 јуни одамна помина, клучните закони се вратени од Европа на доработка, а напредокот е минимален.
Наместо да ги завршат реформите, тие бараат изговори.
Кога некој постојано зборува за „алиби на опозицијата“, тоа обично значи дека самиот бара алиби.
ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформи, затоа што по нив следува продолжување на европскиот пат, нешто што оваа структура не го сака.
Европа не може да прифати да се ослободуваат криминалци како Груевски во бегство и Латас, човекот кој беше задолжен за палењето на Американската амбасада, човек кој со години работи за службите на други држави.
Независно судство и европско обвинителство значат одговорност. А одговорност е токму она од што бегаат.
Граѓаните веќе ги препознаваат овие игри.
Нема да има алиби за оние кои две години ја држат Македонија во место.

