fbpx

Младите прилепчани не веруваат во евтините трикови на Груевски‏

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Свесен за целосно изгубената доверба од студентите и младите, премиерот во заминување, Никола Груевски, предизборно продолжува со манипулациите!

Во паника и без идеи, Груевски, го краде проектот на СДСМ за бесплатен превоз на студентите, откако три години бесрамно го ингорираше барањето на студентите.

Почитувани млади од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп, знаеме дека и Вие самите сте свесни за лицемерието на Груевски, кој раскомотен во мерцедесот од 600 илјади евра и наочари од 60 илјади евра, со години не сака ниту да чуе за потребите на студентите!

Истиот тој прочитан премиер во заминување, кој 10 години барал локација за студентски дом, којшто никогаш не го изгради, а изгради партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ и по телефон си нарачуваше парцели на Водно, купувани преку фирми од Белизе.

Истиот Никола Груевски, кој е одговорен за егзодусот на 626.312 граѓани, од кои најголем дел млади!

Затоа сите млади, студенти, средношколци од Прилеп и Македонија, не веруваат во евтините трикови на манипулаторот Груевски.

Сите заедно, имаат една идеја и порака за спас на Македонија: ЗБОГУМ НИКОЛА!

 

11.12.2015

Центар за комуникации со јавност
ОО СДСМ Прилеп

 

Последни вести