Соопштение за јавност
Цели два месеци Никола Груевски не може да го смири немирот од посетата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Израел, каде што беше пречекан на највисоко државно-владино ниво.
Што се однесува до виртуелните инвестиции со коишто премиерот во заминување, Никола Груевски, се расфрла пред избори, официјалните податоци на Народна банка покажуваат дека за 3 години, од Израел во Македонија влегле само 2 милиони евра инвестиции.
Тоа се околу 600 илјади евра годишно.
Само за потсетување, провизијата што ја побарал братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков во мега корупцискиот скандал за набавка на опрема за прислушување, изнесуваше 540 илјади евра.
Сериозни и одговорни држави очигледно го одбегнуваат Никола Груевски поради корупцијата во изминатите 10 години.
Едно е сигурно, за премиерот во заминување, Никола Груевски, ова е негова последна официјална посета на Израел.
Скопје, 10.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА