fbpx

Цветков нека не чека туку веднаш да си поднесе оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Втор ден Цветков се крие од јавноста откако дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски, побара оставка како основен предуслов за расчистување на скандалот со злоупотребите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ниту Никола Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ, не дадоа одговор за класичниот пример на злоупотреба на државните институции за партиски цели, на штета на земјоделците.

Груевски молчи бидејќи како што семејството на пратеникот Илија Србиновски го има запоседнато министерството за земјоделство, така фамилијата на Груевски ги има запоседнато државните функции.

Договорот со кој е прекршен Законот за земјоделско земјиште е потпишан во јануари 2010 година.

Тоа значи дека цели 5 години контролата во министерството за земјоделство не функционирала и отвора голем сомнеж дека повисоки органи со години штителе незаконско работење и злоупотреби во самото министерство.

Скандалозно е сознанието дека е можно цели 5 години раководните структури во министерството да толерираат противзаконско работење на штета на земјоделците, на граѓаните.

Дали малверзациите и злоупотребите на земјоделските субвенции и земјоделското земјиште се случувало со знаење и амин лично на Никола Груевски?

Цветков нека не чека туку веднаш да си поднесе оставка.

СДСМ продолжува да ги штити интересите на граѓаните, на земјоделците.

Од законите бегање нема. Секој што ги прекршил законите ќе мора да одговара.

Скопје, 10.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести