Euronews Србија во Скопје – последните подготовки за медиумски мрак

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во Скопје се одвиваат последните подготовки за лансирање на Euronews Србија.

Операцијата ја водат Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска.

Латас, долгогодишен началник за специјална медиумска пропаганда – прво на Никола Груевски, а денес на неговиот ученик Христијан Мицкоски, повторно е во центарот на создавањето на нов медиумски инструмент.

Заедно со Талевска, под директна координација, се гради структура која треба да ја зајакне веќе постоечката Орбанова медиумска мрежа во Македонија.

Финансирањето на операцијата оди преку српската Алта банка и маркетинг-агенции поврзани со ВМРО-ОКГ.

Моделот е познат: пари се влеваат преку наводни маркетинг услуги, а во реалноста се финансира контрола на наративот.

Целта е јасна – медиумски мрак и целосна контрола врз информативниот простор во Македонија.

Латас со години ги применува техниките на управување со медиумски содржини. Неговата работа е длабоко поврзана со српските служби. Денес, со нивна поддршка, креира антиевропски и проруски наратив, во функција на проектот „српски свет“ под режија на Александар Вучиќ.

Оваа медиумска операција има јасна политичка цел: Македонија да остане изолирана од Европската Унија.

Додека земјата стои во место, Мицкоски и организираната криминална група ВМРО продолжуваат да го празнат буџетот и да ги крадат парите на граѓаните.

За себе и за своите семејства, тие одамна си обезбедија бугарски државјанства и европски пасоши.

Уживаат во бенефити што ги нуди Европа, додека на македонските граѓани им оставаат изолација, сиромаштија и медиумската контрола.

Ова е организиран обид за целосна контрола на информациите, со цел да се заштити криминалната власт и да се спречи европскиот пат на Македонија.