Уште еден град – ВМРО-ОКГ и Мицкоски продолжуваат да ја трујат Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје.
Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево. Пласница.
Пет населени места за краток период. Пет пати истата приказна. Пет пати истата одговорност.

Дали е и ова дезинформација на СДСМ и ширење паника?
Што вели организираната криминална група ВМРО?

Ја уништија економијата.
Ја изолираа земјата.
Го приватизираа правосудството.

Го отруја народот со приказната за „предавници“ и „патриоти“.
Го поделија народот.
Сега го трујат и со вода.

Додека тие се занимаваат со базени, билборди и нови министри, граѓаните добиваат вода што не смеат да ја пијат.

Уште колку градови треба да бидат затруени за министерот за здравство и институциите под негова надлежност да преземат одговорност?

Ќе покрене ли Савевски кривична постапка против одговорните, наместо да ги крие резултатите од анализите на водата, или чека повик од Мицкоски?

Кој град е следен?