Соопштение за јавност
Градот Скопје, под водство на Орце Ѓорѓиевски, има јасно поставени приоритети.
Прво – вештачка интелигенција што изработува билборди со грешки.
Потоа – дрон што од воздух бара пена во реката.
А во меѓувреме – Орбанови автобуси платени за 8.000 евра повеќе од пазарната цена. Или за 1.2 милиони евра повеќе од последниот тендер кој пропадна.
Додека во шест града граѓаните се соочуваат со загадена вода, а по Лепенец и Вардар плови бела пена, градоначалникот пушта дронови и глуми загриженост.
Скопје не доби чиста вода. Скопје не доби чисти реки. Скопје доби депонии. Скопје доби прескапи автобуси, билборди со грешки и дрон што треба да го открие она што секој граѓанин може да го види со голо око.
Ова не е управување со градот.
Ова е циркуска претстава со скапи реквизити.
