Социјалдемократската Младина на Македонија објавува Повик за самокандидирање за Претседател на СДММ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Социјалдемокатската Младина на Македонија, објавува Повик за самокандидирање за Претседател на СДММ.

Врз основа на Статутот и Одлуката на Централниот одбор на СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија објавува:

ОТВОРЕН ПОВИК за самокандидирање на кандидат за Претседател на СДММ.

Отворен повик (ЛИНК)

Постапката за кандидирање започнува од 26.07.2026 и ќе трае четиринаесет дена, до 08.08.2026 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми.

За кандидат за Претседател на СДММ може да се кандидира лице со најмалку 2 години членство во СДСМ и најмалку еднаш да бил избран од Конференцијата на СДММ за член на некои од органите на младината (Претседател, Генерален секретар, член на Централен одбор или Надзорен одбор) или да бил избран за Претседател на Локален клуб на СДММ.

Постапката за избор на Претседател на СДММ и членови на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор е утврдена со одлука на Централниот одбор на СДММ и Конференцијата ќе се одржи на 20 септември 2026 година (недела).

Деталите околу постапката, правилникот и критерумите се содржани во Правилникот за постапка, начин и критериуми за кандидирање и избор на Претседател на СДММ и членови на органите на СДММ, Централен и Надзорен одбор.

Правилник (ЛИНК)

Рокот за поднесување на самокандидатури за Претседател на СДММ е 08 август 2026 година.

Стандардизирана биографија (ЛИНК)

Пријава за самокандидирање (ЛИНК)

Изјава за прифаќање на етички кодекс (ЛИНК)