Во Гостивар уште 4.000 пациенти а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата.

Во Гостивар ситуацијата е катастрофална.

За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна.

Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба.

Ова е „дезинформација“?

Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника.

Реалноста е јасна:

Илјадници заболени.

Вода што не смее да се користи ниту за миење.

А тие сè уште зборуваат за „дезинформации“.

Граѓаните во Гостивар не паничат. Тие се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна.