Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми укажа дека унгарскиот кредит, кој Владата го претставуваше како голем развоен проект, отвора сериозни сомнежи за начинот на кој се управуваа со јавните средства. Филипче, посочи дека Владата и натаму молчи на клучните прашања односно колкава провизија е платена, колку средства навистина се искористени и каде завршиле останатите пари.
-Прво голем скандал тоа што најави унгарскиот премиер Петар Маѓар, дека ќе се истражува овој кредит. Власта никогаш не одговори каква е провизијата и дали е исплатена провизија. Понатаму, колку од парите се искористени? Нашите информации се дека се искористени само околу 60 милиони евра, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ на брифингот потсети дека уште во моментот кога Владата го земаше кредитот, СДСМ предупредуваше дека тој е понеповолен од понудата на Светската банка и дека општините немаат капацитет да ги реализираат средствата во обемот што го најавуваше Владата.
-И сега повторно се враќа прашањето зошто се прифати кредит кој за локален развој на општините беше многу понеповолен од тоа што во истиот момент, во 2024 година, го нудеше Светската банка. И тогаш укажавме дека општините немаат капацитет да ги искористат парите и дека е апсолутно на ниво на имагинација дека можат да искористат 250 милиони евра, рече Филипче.
На брифингот, Филипче, порача дека ако се реализирани само околу 60 милиони евра, тогаш Владата мора да даде одговор зошто е земен кредит во толкав износ и каде се останатите средства.
-Се поставуваат две прашања. Зошто се најавуваа и се земаа пари што општините не можат да ги искористат? И се поставува прашањето каде се другите пари, ако се искористени само 60 милиони евра?, рече Филипче.

