Соопштение за јавност
Поради тендер патриотите Мицкоски и Клековски отруена е цела Македонија.
Над 50 населени места и градови се со загадена вода.
Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово, села во Кичевско и уште многу други места.
Не може Мицкоски граѓаните на Гостивар и на цела Македонија да ги убедува дека никој од власта не е крив за труењето, дека никој не е крив за загадената вода.
Сите институции водени од криминалната организација ВМРО потфрлија, сите!
22 дена граѓаните на Гостивар се труеле со вода полна со фекалии, никој ништо не презел. Дури Центарот за јавно здравје ја прогласил водата дека може да се пие.
По 200 луѓе дневно во болница се пријавувале со тегоби а здравствените власти дремеле и не презеле ништо.
Потоа ги криеа резултатите од водата кои до денеска не се објавени.
Не се објавени извештаи за водата, не се знае кој одобрил користење на „техничка вода„ кој потпиша дека е исправна.
Мицкоски кажува едно, Клековски друго.
Тотален институционален колапс, дебакл. А цената ја плаќаат граѓаните со најскапото нешто, своето здравје.
Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица.
Над 50 населени места се со небезбедна вода.
Ниту Мицкоски ниту Клековски, Андоновска не можат да побегнат од одговорноста за загадената вода.
Ја отрувте цела Македонија.
Ќе одговарате!


