Филипче од Крушево: Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Илинденците се бореа за слобода, ние денес се бориме против корупцијата и изолацијата, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми од Крушево, по повод празникот Илинден, Денот на Републиката.

Филипче порача дека жртвата на илинденците не беше за изолација, страв и поделби, туку за слобода, правда и правото народот сам да одлучува за својата судбина.

„Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место. Нивната жртва не беше за изолација, не беше за страв, не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, порача дека денешните генерации имаат должност да го продолжат патот на илинденците и да обезбедат подобра иднина за државата.

„Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. Македонија не смее да остане заробена во минатото. Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе“, рече Филипче, додавајќи дека сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина.

Линк до видео: