Делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Трајановски оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод големиот државен и национален празник 2ри август – Денот на Републиката, делегација на СДСМ предводена од потпретседателот Александар Трајановски, заедно со членката на Извршниот одбор Симона Цветановски и советничката во Советот на Скопје, Кети Штерјова, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред споменикот на Никола Карев, пред споменикот на АСНОМ и пред споменикот на Методија Андонов – Ченто во Скопје.

За многу години Илинден! Да живее Македонија!