Уште една недела – Владата не е способна ни за вода

Facebook
Twitter
LinkedIn

Водата во Гостивар сѐ уште не смее да се користи за пиење и готвење.

Причина: опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa.

Стабилизација се очекува… следната недела.

Повторно „следната недела“.

Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата била технички исправна за капење.

Никој не потпишал.

Никој не одговара за труењето на граѓаните.

Во Гостивар имаше епидемија на жолтица.

Велат „веќе ја нема“.

Кој го потврдил тоа?

Кој потпишал?

Единствена причина зошто граѓаните воопшто почнаа да се капат беше изјавата на Мицкоски дека водата ќе биде „технички исправна“.

Никој стручен документ не го потврди тоа.

Сѐ се работеше за политички поени – на штета на здравјето на луѓето.

Ако денес сѐ уште се прави хиперхлорирање поради опасна бактерија,
тогаш водата не е ни за капење.

Никој официјално не ги извести граѓаните за тоа.

Министерот Клековски – никаде го нема.

Изгледа и тој е на екскурзија.

Оваа Влада не е способна ниту вода да обезбеди.
А сака да води држава.