Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ со месеци зборуваат за „трета економија во Европа“ и „прва по туризам“.
Реалноста на граѓаните е сосема друга.
Платите стојат.
Инфлацијата продолжува.
Цените растат секој месец.
Во буџетот нема пари за зголемување на платите, а наскоро нема да има ни за пензии.
Владата сака да го национализира вториот пензиски столб – да ги земе парите на граѓаните за да покрие дупките што самите ги создадоа.
Есента доаѓа.
Во септември почнува училиште.
Зимата е блиску.
Веќе се најавува недостиг на струја поради нискиот водостој на Дунав.
Увоз на струја значи ново поскапување.
Централното греење поскапе.
Ќе поскапи и огревното дрво.
Владата не е способна да води економска политика.
Освен бајките на Мицкоски, граѓаните добиваат само поскапувања.
Земјоделците се во најтешка состојба.
Нафтата и ѓубривата поскапеа.
ИПАРД фондовите ги нема поради корупција.
ЕУ фондовите ги нема поради изолацијата што ја спроведува оваа Влада.
Нема мерки, нема откуп, нема субвенции.
Наместо да го хранат регионот и да имаат отворен пристап до европскиот пазар, земјоделците едвај врзуваат крај со крај.
Ова е економската политика на Мицкоски: празни ветувања, празни фрижидери и полни џебови на тендер-коалицијата.



