Максим Димитриевски се обидува да објасни дека ЗНАМ постои.
Сите знаат дека не постои.
ЗНАМ постои само во договор меѓу Максо и Мицкоски.
Создаден и финансиран од Мицкоски за да го ослабне тогашниот СДСМ и да ги подели гласовите на опозицијата.
Мицкоски дојде на власт со лаги и со лажна опозиција која денес е дел од тендер-коалицијата.
ЗНАМ прво ја предаде сопствената партија.
Потоа ги предаде своите гласачи.
Единствен кој не го предаде е Мицкоски – затоа што се платени преку тендери, како оние во Пошта.
Максо со бугарски пасоши и фирми, со Лидл-плацовите и останатите комбинации.
Членовите, пратениците и советниците го напуштија.
Останаа само Максо и Минчев, кои сега се обидуваат уште нешто да наплатат до следните избори – затоа што знаат дека повеќе не постојат.
Интересното друштво повеќе нема што да бара во Владата по следните избори.
И тие тоа го знаат.
А тоа што Максо се жали на истражувањата во кои ЗНАМ не постои – заборавил да каже дека тоа се истражувања на Мицкоски, а не на опозицијата.
Затоа, кога се жали, нека се жали кај својот финансиер и шеф на организираната криминална група – Христијан Мицкоски.



