Мицкоски повторно лаже – нападот во Ташмаруништа го извршил македонски граѓанин

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа.

Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта.

Тоа не е точно.

Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи – СВР Охрид, станува збор за 52-годишен жител на Струга (С.Г., роден 1974 година од Кочани) – македонски граѓанин со македонска лична карта.

Нема странски агент.

Има само незадоволен граѓанин.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ повторно се обидоа да го претстават секојдневниот гнев на народот како „странска агентура“ и „бугарска провокација“.

Ова е класичен модел: кога граѓаните се бунат – лажат дека се странци.

Кога немаат резултати – бараат непријатели.

Кога се критикувани – ги нарекуваат граѓаните „талог“.

Реалноста е поинаква.

Граѓаните се незадоволни.

И тоа е целосно македонско незадоволство.

Како и секогаш, Мицкоски и организираната криминална група ВМРО повторно лажат.

Граѓаните веќе се навикнати – со ВМРО-ОКГ вистината не постои.