Соопштение за јавност
Мачкин Камен беше празен на Илинден.
Местото каде што некогаш народот се собираше за големиот празник Илинден, беше место каде што со сила, се собираа неколку стотини луѓе да глумат статисти.
ВМРО-ОКГ повеќе не можат ни луѓето да ги натераат да дојдат.
Секојдневните лаги на Мицкоски ја соголија вистината.
На сите им е јасно – од патриотизмот останаа само криминални тендери и разурната економија.
Мицкоски клечеше и молеше да дојде на власт. Сѐ ветуваше. Сѐ лажеше.
Сега единствено што го болат се колената од клечењето, па мора со авион на приватни екскурзии.
На народот му остави понижување и песимизам – луѓе што се чувствуваат изиграни и предадени.
Дури ни омразата и гневот не успеа да ги контролира.
Неговиот говор беше полн со омраза и желба за поделби.
Народот го нарекува „талог“.
Ниту една порака за иднина – затоа што знае дека ја нема со нив. Изолирана Македонија со Мицкоски нема иднина.
Младите заминуваат токму поради Мицкоски, криминалот, корупцијата и нивната политика.
Антонио Милошевски, човек со бугарско државјанство, држеше говор на Илинден.
Половина ВМРО има бугарски пасоши – не само за себе, туку и за своите семејства.
Имаат фирми во Бугарија.
Тоа се тие големи „тендер-патриоти“.
Тоа е нивната политика на интереси, лаги и пропаганда.
Наместо да се слави државноста, на најсвечениот ден за нашата татковина имаме гости – претставници на „српскиот свет“ на Вучиќ, промотори на војна, поделби и етничко чистење.
Џабе нарачани истражувања.
Џабе пропаганда.
Народот сѐ гледа.
Уште малку – и доаѓа времето на вистината и правдата.
Народот ќе победи.
Македонија ќе победи.
Уште малку и власта повторно ќе биде во рацете на граѓаните на Македонија, а не на организираната криминална група.



