Соопштение за јавност
Во болницата во Гостивар, среде епидемија предизвикана од загадена вода, дежура:
• еден специјалист инфектолог
• четворица специјализанти
• и дерматолози.
Ова е состојбата на здравствениот систем што треба да се справи со масовно труење на граѓаните.
Пациентите од Гостивар се префрлаат во Тетово – затоа што и болницата им е отруена.
Додека ова се случува:
• Мицкоски и Клековски се на екскурзија.
• Тошковски, откако го спроведе хиперхлорирањето, сега како „искусен експерт“ им предлага на граѓаните да ги испуштаат цевките – да го испуштат проблемот со бактеријата.
• Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата е технички исправна. Напротив – беше потврдено присуство на бактерија (вклучително и од директорот Стојанче Ангелов).
• Тошковски сега најавува нови анализи на водата – затоа што досега очигледно не биле правено како што треба.
Граѓаните се трујат.
Болницата е преоптоварена.
Пациентите се возат во друг град. А Мицкоски и неговата екипа на екскурзија.
Ова не е кризна состојба, ова е целосен колапс на одговорноста.

