Цел ден „талог“ – организираната кампања на омраза продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски дури и големиот празник Илинден го започна со зборот „талог“.

Вчера цел ден неговата машинерија под команда на „началникот“ Латас, ја продолжи кампањата на навреди и поделби на граѓаните.

Еве кој вчера го употреби истиот речник:

• Бране Петрушевски: „Општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознаа, се храни со хистерија, страв и безнадежност.“

• Лидија Петкоска: „Да не се лутат на зборот „талог“, да се лутат поради причината во која се препознаваат во него.“

• Бисера Златеска: „Талогот сам се препозна, народот знае кој ја држеше Македонија во безнадежност”.

• Ангелова: „Колку повеќе Македонија се движи напред, толку поголема е нервозата кај оние што со години живееја од застојот, а сега себе си се препознаваат како „талог“.

• Ковачки: „Тие што измеќарството го издигнаа на ниво политичка доктрина… сами се препознаа како талог“.

• Лефков: повторно зборува за „лојалистите“ и политика на поделби.

Ова е координирана кампања на Латас, по модел на Гебелс – постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.

Наместо да го обединат народот, тие повторно сеат поделби и агресија.

Лагата повеќе не држи. Затоа сега прибегнуваат кон насилство.

Синоќа во Ново Село млади активисти што само носеа транспарент за труењето на водата во Гостивар беа физички нападнати, по налог на Христијан Мицкоски.

Меѓу напаѓачите и возач на градоначалникот на Струмица од ВМРО-ОКГ, Наско Димитриев.

Сѐ ова се случува во ист момент кога Тимчо Муцунски јавно најави преговори „под радарот“ за францускиот предлог.

Таен план што мора да се скрие од гласачите на ВМРО – затоа што со лаги добија избори, а сега мораат да признаат дека СДСМ беше во право.

Кога вистината излегува – останува само омраза, поделба и тепачи.

Ова е вистинското лице на организираната криминална група. Овие лица наскоро ќе добијат и црни маски. Запомнете ги.