Соопштение за јавност
Кој оди на летување во Брисел?
Знаете ли некого?
Оди Мицкоски.
И вели: на екскурзија.
Што значи „екскурзија“ во политички јазик?
Тоа обично значи дека некој отишол на средби и преговори, но сака да го намали значењето на патувањето.
Да го прикаже како туристички излет, а не како сериозен работен пат.
Зошто Мицкоски го кажува токму така?
Затоа што не знае како да им објасни на своите гласачи што прави.
Како да им каже дека го прифаќа францускиот предлог?
Како да им каже дека цело време лажеше во кампањата само за да дојде на власт?
Како да им каже дека лажеше за името, за Преспанскиот договор, за „подобри преговарачки услови“, за „гаранции“?
А како да им каже дека протоколите воопшто не се дел од преговарачката рамка?
Никако. Како тоа да го каже, кога јавно го потврди и Тимчо Муцунски? Па нема тој – Тимчо ќе каже.
И тоа не е сè. Како да им каже дека СДСМ со години зборува една работа која е единствената вистина и дека е единствената државотворна партија?
Е, тоа е многу поголем проблем. Тоа признание не знае како да го сокрие, затоа што сега тоа е невозможно!
Како да признае дека цело време лаже? Не може.
A и не мора повеќе. Сега веќе сите знаат.
Мицкоски лаже за сè.
Сите го прочитаа.
Затоа – „екскурзија“.


