Соопштение за јавност
Евростат повторно објави податоци.
Највисока минимална бруто месечна плата во Европа има Луксембург 2.771 евра.
Словенија е со 1.482 евра.
Македонија?
624 евра бруто, односно околу 421 евро нето.
Пред нас не се само западноевропските земји. Пред нас се и Србија и Црна Гора.
Ние сме на долниот дел од листата.
Мицкоски сака да зборува за проценти, раст, просеци и „позитивни трендови“. Прва, трета, најбрзорастечка економија…
Граѓаните не живеат од проценти.
Граѓаните живеат од тоа што го имаат во паричникот и во фрижидерот.
И таму статистиката е јасна: празно.
Две години оваа власт нема ниту еден вистински резултат за обичниот човек.
Минималната плата останува меѓу најниските во Европа.
Цените растат.
Инвестициите паднаа.
Младите си одат.
Дури и кога се обидуваат да се пофалат со некој инфраструктурен проект – најчесто станува збор за работи што ги започнала претходната власт.
А она што самите го допреа, најчесто го упропастија.
Или само се фотографираат.
Оваа власт е неспособна да создаде подобро.
Способна е само за тендери, за криминал и за корупција.
Тоа се „тендер-патриотите“ – силни во поделба на пари, слаби во сè друго.
Граѓаните не треба да чекаат нова статистика од Евростат за да разберат како живеат.
Тие тоа го гледаат секој ден.
И тоа е единствената статистика што важи.



