Соопштение за јавност
Два случаи.
Еден се вика „Талир“.
Другиот се вика „Тотал“.
Во едниот е Груевски.
Во другиот е Латаc.
Што ги поврзува?
Парите на граѓаните на Македонија.
Во двата случаи се работи за пари што требало да служат за јавен интерес, а завршиле во нивните приватни и партиски џебови.
Затоа за нив народот стана „талог“.
Затоа што народот е сведок.
Началникот Латас, откако беше ослободен од тужба (со помош на Мицкоски), сега на свој начин го враќа долгот.
Го враќа со кампања во која граѓаните ги нарекува „талог“.
Од психологијата е добро познато: луѓето често ги проектираат врз другите токму оние особини и состојби што самите ги носат.
Она што не можат да го прифатат кај себе – го префрлаат врз другите.
Така и Латас.
Човек кој со години работи за српските служби уште од времето на Милошевиќ, денес повторно се враќа на голема врата.
Не само што ја води пропагандата преку Орбановите 40% медиуми, туку сега преку Ивона Талевска повторно влегува и во шемата со лиценца на Euronews и “Ало група”.
Овие повампирени ликови од 90-тите, луѓе кои ја промовираат политиката на Милошевиќ, етничките чистења, руската и агендата на Вучиќ, се враќаат во животите на македонските граѓани благодарение на организираната криминална група и пред сè на шефот на таа банда – Христијан Мицкоски.
Сега „мистер Тотал Талир“ го нарекува народот „талог“ со јасна цел: поделба по рецепт на Вучиќ.
Кој е талог?
Оние што бараат вистина.
Оние што бараат правда.
Оние што бараат Европа.
Оние што не сакаат повеќе да молчат.
А кој е навистина талог?
Оние што со години крадат, перат пари, шират омраза и сега се обидуваат да го понижат народот за да го замолчат.



