Соопштение за јавност
Мицкоски прво рече – нема класичен одмор, ќе одам на екскурзија со семејството. Четири дена Бриж, четири дена Брисел.
Сега Владата вели – приватниот дел е во Бриж, а службениот во Брисел.
По којзнае кој пат Мицкоски е уловен во лаги.
Кој оди на одмор во Брисел? Кој оди на „службена посета“ без да каже со кого се среќава и во која институција?
Одговорот е јасен. Мицкоски оди на екскурзија по францускиот предлог.
Се обидува „под радар“ да најде некаков излез, некакво алиби, некаков резултат што ќе може да го продаде дома – откако целосно граѓаните видоа дека нема ниту еден резултат. Ама ниту еден.
Никогаш полоша Влада во историјата на Македонија. Единствено во што се најдобри – криминални тендери.
Сè што зборувавме со месеци се потврдува.
Кога нема резултати, кога буџетот е празен, кога лагите повеќе не поминуваат – тогаш се оди на „екскурзија“ во Брисел.
Граѓаните веќе го препознаваат сценариото.
Мицкоски лаже. Повторно.
А за крај и прашање до претседателот на „промакедонската“ Влада, кои пасоши ги користи неговото семејство?
Само прашуваме, поради граѓаните.




