Соопштение за јавност
Власта на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО на официјална државна прослава го згрешија македонското знаме.
Наместо сонце со осум краци – поставија верзија со дванаесет.
Наместо да им се извинат на граѓаните, наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку народни пари се потрошени за овој нациоален срам – прво пробаа да го претстават како „уметничка инсталација“.
Потоа повторно се вратија на омилената квалификација: народот и СДСМ се „талог“.
Ова е нивниот стандарден рефлекс.
Кога ќе направат грешка – народот и СДСМ се виновни.
Кога ќе понижат државен симбол – народот е талог.
Кога немаат резултати – народот и СДСМ се проблем.
Неспособни да го направат правилно македонското знаме, а се дрзнуваат да го делегитимираат сопствениот народ.
Тендер патриоти што не знаат како изгледа знамето на сопствената држава, не умеат ни AI билборд да направат без грешки, а имаат бугарски фирми и бугарски пасоши во џебовите – тоа знаат.
Криминални тендери да спроведуваат – тоа знаат.
Ова повеќе не е гаф туку однос.
Однос на власт што се однесува кон граѓаните како кон талог, а кон државните симболи како кон декор за тендер и провизија.
Нема извинување.
Има само нов напад.
И тоа е сè што умеат.
