fbpx

Банките не веруваат во погрешните политики на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Намалениот интерес за денешната аукција на државни записи и обврзници покажа дека банките, пензиските фондови и осигурителните друштва во Република Македонија не веруваат во Никола Груевски и неговите погрешни економски политики.

Иако беа понудени државни хартии од вредност во висина од 100 милиони евра, реализирани се околу 72.5 милиони евра. Интересот на банките, пензиските фондови и осигурителните друштва беше помал за повеќе од 27 милиони евра.

Но, сепак постои разлика од 11 милиони евра над износот потребен за враќање на доспеаните долгови по основ на државни хартии од вредност, во висина од 61 милион евра, што доспеваат наредните денови.

Разликата од 11 милиони евра над износот потребен за враќање на доспеаните долгови по основ на државни хартии од вредност, СДСМ ќе го третира како можност за злоупотреба на средства за изборна корупција.

СДСМ ќе продолжи да ги брани интересите на граѓаните. Ќе ги искористиме сите законски и демократски механизми за да спречиме изборна корупција и злоупотреба на парите на граѓаните за изборни цели.

Изборите на 24-ти април мора да бидат слободни, фер, демократски и регуларни.

Скопје, 01.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести