Соопштение за јавност
После повеќе од две години апсолутна власт на организираната криминална група ВМРО, за сè е, сè уште виновен само СДСМ.
За сè е виновен Филипче.
За сè е виновен Заев.
Стана смешно и за нив самите.
Катастрофална е состојбата кај земјоделците:
• ИПАРД фондовите се блокирани.
• Субвенциите не стигнуваат на време или се намалени.
• Откупните цени се мизерни
• Дизелот и ѓубривата драстично поскапеа
• Земјоделците се задолжени, без пари и очајни
И за сето ова, според нив – виновен е СДСМ.
Па да ви кажеме директно, господа од ВМРО-ОКГ:
Ние не сме виновни што сте целосно неспособни.
Ние не сме виновни што немате ниту еден реален резултат да го ставите во спот.
Ние не сме виновни што не знаете како изгледа македонското знаме.
Ние не сме виновни што не умеете ни билборд да направите без гаф.
Мора да знаете:
Знамето има осум зраци, не дванаесет.
Коњот има четири нозе, не пет.
Тоа ние не можеме да ве научиме.
Вашата гебелсовска пропаганда преку Орбановите (а утре и на Вучиќ) медиуми можете да ја продолжите.
Можете и преку Мицкоски да ја повторувате пораката на Ванчо Михајлов дека народот е „талог“.
Едноставно е: Премногу лажевте. Народот повеќе не ви верува. Точка.

