Соопштение за јавност
Се денови трае драмата кај медиумските курири откако Никола Груевски призна пораз на сите негови политики во изминатите 10 години.
Куририте неуспешно се обидуваат со лаги да го одбранат колапсот на политиките на Груевски.
Последните истражувања на фондацијата Фридрих Еберт покажуваат дека над 50% од младите сакаат да ја напуштат Македонија а дури 71% се незадоволни од економската и финансиската ситуација.
Тоа значи дека секој втор млад човек сака да ја напушти Република Македонија. Тоа се „резултатите“ на Никола Груевски којшто им одзема 10 години живот на граѓаните.
Никола Груевски ги брка младите, иднината на Македонија, надвор!
Груевски потроши 25 милијарди евра пари од Буџетот а ја доведе државата во ситуација да мора да зема кредити за да исплаќа плати, пензии, социјална помош…
Каде се парите? Каде се работните места?
Додека граѓаните осиромашуваа Никола Груевски мислеше на провизиите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари…
Затоа денеска нема пари за нови болници, училишта, градинки, нема пари за војниците на границата, за лекарите, нередовно се исплаќаат субвенции…
Младите имаат идеја: збогум Никола!
01.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА