Соопштение за јавност
Од денеска бензините поскапуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари.
Владата повторно не презеде ниту една мерка да го ублажи ударот.
Ниту навреме, ниту сега.
Нема намалување на акцизата.
Нема привремена интервенција.
Нема ниту обид да се заштити животниот стандард на граѓаните.
Ова е директна последица на катастрофалната економска политика што ја води Христијан Мицкоски и неговата влада.
Додека Мицкоски се фали со статистика и зборува за „трета економија во Европа“, граѓаните плаќаат сè повеќе за гориво, за храна, за сè.
Поскапувањето на горивата директно удри врз:
• цена на основните производи,
• трошоци на земјоделците,
• транспорт,
• трошоци на работниците кои секојдневно патуваат.
Владата имаше можност да реагира. Не реагираше.
Затоа што на оваа власт ѝ е полесно да ги пушти граѓаните да платат, отколку да ја понесе одговорноста за сопствената економска политика.
Граѓаните го чувствуваат секој ден.
На каса.
На пумпа.
Во празниот паричник.
Тоа е вистинската статистика за Мицкоски.


