Трајчевски да одговори: Каква е неговата улога за влегувањето на медиумите на Вучиќ во Македонија?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ со месеци предупредува дека во Македонија се подготвува операција за преземање на медиумскиот простор во Македонија по истиот модел на Вучиќ во Србија.

Дел од таа операција оди и преку „Ало медиа“ групацијата која пројавила намера за преземање на сопствеништвото на „Наша ТВ“.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, има обврска да излезе и да ја информира јавноста и да каже што презема Агенцијата да го заштити медиумскиот простор во земјата и демократијата.

Каква е неговата улога?

Дали е известен за промената на сопственичката структура?

Како ќе го објасни тоа кога знае за целосното сопствеништво и поврзаноста на компаниите кои влегуваат во Македонија?

Дали знае дека на овој начин се создава дополнителна концентрација на политичко и странско медиумско влијание?

Има и друго прашање на кое треба Трајчевски да одговори.

Дали Трајчевски има српско државјанство, српски пасош или пасош на друга соседна држава?

Дали има бугарски пасош?

Ова е легитимно прашање од јавен интерес, особено во момент кога странски влијанија се шират во земјава а институцијата со која раководи Трајчевски има законски надлежности во постапките.

Јавноста има право да ги знае одговорите.