Соопштение за јавност
Срамота е за еден универзитетски професор. Голема срамота за она што го претставува, без разлика на неговите материјални убедувања, да ја стави „мајка Русија“ пред Македонија како татковина.
Уште посрамотно е кога истиот човек за свој колега професор изјавува дека е „убиец“.
Транспарентот „НАТО е убиец“ веќе го видовме.
Денес е јасно дека тоа беше дел од кампањата на Мицкоски и Латас.
„Левица“ е партија создадена и финансирана од руските служби. Финансирана како сателит на Мицкоски.
Ги исполнува желбите на Мицкоски само доколку тие се во служба на мајка Русија.
Партија создадена за ништо друго.
Партија која во земја членка на НАТО е против НАТО.
Партија која во земја-кандидат за членство во ЕУ е против ЕУ.
Партија која во земја чиј стратешки партнер е Америка – работи за Русија.
Мицкоски е руски прокси играч, заедно со својот сателит „Левица“.
Во народот веќе препознаен како Спутник 2, првиот вештачки направен сателит во Македонија, бидејќи е познато дека Спутник 1 бил првиот вештачки сателит на Земјата.
Сè со една единствена цел: делење на гласовите на опозицијата и одржување на власт на криминалната организација ВМРО и шефот на бандата Христијан Мицкоски.
Вучиќ најави избори – Мицкоски веднаш најави избори. Сателитите веднаш почнаа со работа.
Добро е што граѓаните ова го гледаат веднаш, и не чекаат повторно криминалната власт да ги земе во свои раце.


