Мицкоски и Вучиќ ја почнуваат операцијата „Талог“ – започнува кампањата на меѓуетнички тензии, поделби и омраза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски ја започна предизборната кампања без ниту еден резултат во ниедна област.

Економија, земјоделство, здравство, образование, дипломатија – баш ништо.

Народот едвај крпи крај со крај. Потрошувачката кошница чини околу 70.000 денари, а минималната плата е 26.000 денари. Индустријата е во пад.

Мицкоски веќе претрпе пад на гласови на локалните избори. Сега следува уште поголем пад на неговиот личен рејтинг поради секојдневните лаги и неисполнети ветувања од кампањата.

Изгуби повеќе од 150.000 гласови.

Парите во буџетот за партиски тендери се сѐ помалку. Тендерите на коалицијата го чинат многу.

Патриотските теми веќе не поминуваат – сите се прочитани.

Изборите ги распишува Вучиќ, мора и тој. Не може да издржи уште едни изгубени избори на своите ментори, како што беше со Орбан.

Му треба нова кампања. На национална основа, затоа што само тоа му остана.

Што е новото? Старата тема. Меѓуетнички тензии и односи во Македонија. Измислен судир со граѓаните Албанци. Сѐ во режија на Александар Вучиќ.

Сателитите во Македонија добија нова задача, а поддршката пристигнува од регионот.

Мицкоски мора да исценира нов проблем за да ги собере своите тврдокорни гласачи – својата база.

Веќе еднаш го гледавме ова, исто како во времето на Груевски. Ново рециклирано решение од минатото.

Со ова не само што му прави услуга на својот шеф и „брат“ Вучиќ во неговата кампања, туку и на себеси.

Затоа во Македонија, кај Стоилковиќ на гости, пристигна претседателот на СНС Милош Вучевиќ.

Прво беше Вучевиќ па сега и Мацут. Инструкции.

Српските медиуми за неколку дена почнуваат со работа.

Новинарите се веќе на своите позиции, само да го притиснат старт-копчето.

Латас ја зеде својата диригентска палка и, заедно со Орбановите 40 %, добива тешка српска артилерија во вид на Вучиќевата „ало-група“ и лиценцата на Euronews, која ќе ја води Ивона Талевска.

Времето на поделби почнува.

Стартот го свиреше Мицкоски на Илинден.

Операцијата „Талог“ и сеењето омраза по моделот на Ванчо Михајлов започнува.

Сѐ тоа според познатиот Гебелсов пристап: „Колку повеќе и погласно, толку повеќе вистина!“

Првата акција беше веќе вчера – провокацијата на Мицкоски во Мала Преспа.

Реакцијата од Албанија, веќе пристигна.

Ова е само почеток.

Кампањата почнува.

Граѓани, гледајте.