Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на вчерашниот свечен настан под слоганот „Македонија е сè што имаме“, а по повод 35 години од независноста порача дека европската и социјалната агенда се едно исто прашање за иднината на Македонија, затоа што европскиот пат значи создавање општество со повеќе правда, достоинство и подобар живот за граѓаните.
„И токму затоа европската и социјалната агенда се едно исто прашање за иднината на Македонија“, рече Филипче.
Филипче посочи дека вистинската социјалдемократија започнува со создавање услови во кои човекот што чесно работи може чесно да живее, а болеста, образованието или староста не значат сиромаштија и недостоинство.
„Вистинската социјалдемократија почнува таму каде што човекот што чесно работи може чесно да живее. Каде што болеста не значи сиромаштија. Каде што квалитетното образование не зависи од поштенскиот број и богатството на родителите. Каде што пензионерот не моли за достоинство. Каде што работникот не мора да му се заблагодарува на работодавачот затоа што му го исплатил она што законски му припаѓа. И каде што даночниот систем ја знае разликата меѓу оној што едвај го поминува месецот и оној што остварува милионски добивки. Правичното оданочување не е казна за успехот. Тоа е договор за пристојно општество“, рече Филипче.
Филипче посочи дека праведното општество се гради со вложување во образованието и јавното здравство и со создавање услови сиромаштијата да не стане наследство за децата.
„Така се финансираат добри училишта.Така се гради јавно здравство во кое човек не бара врски. Така се создава држава во која сиромаштијата на родителите не станува наследство на децата. Тоа е социјалдемократија. И токму затоа европската и социјалната агенда се едно исто прашање за иднината на Македонија“, рече Филипче.
Линк до видео:




