Седум починати од западнонилска треска – осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, каде 5.000 граѓани завршија во болница и сè уште нема одговори, нема извештај за видата и нема кој е одговорен.

Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Проблеми имаше и со четири реки и локални извори од кои граѓаните користат вода.

Одговори нема, одговорност нема.

Трагедијата со западно нилска треска продолжува да отвора сериозни прашања за институционални пропусти.

Уште еден човечки живот е загубен, судум лица се починати досега.

Власта задоцни со реакција, задоцни со прскање против комарци, задоцни со преземање мерки. Одговорни нема.

За секој скандал – молк. За секое прашање – криење. За одговорност – никој надлежен.

Мицкоски и неговите функционери должат одговори, а институциите должат постапување.