Соопштение за јавност
Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.
Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.
Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.
СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.
Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.
Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.
Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.
Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?
Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.



