Арамијата Мицкоски денеска дели царински возила – нека одговори каде поминаа петте тони дрога?!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска шефот на ВМРО-ОКГ оди на Табановце да се слика со специјализирани возила за Царина. Проект на ЕУ.

Камери. Лента. Говор за борба против организиран криминал.

Нека одговори прво ова: Што е со петте тони дрога?

Седум месеци нема одговор.

Пет тони марихуана слободно ја минаа границата и завршија во село Коњух во Србија, кај висок функционер на СНС – сестринската партија на ВМРО.

Кај човек близок до Братислав Бата Гашиќ, поранешен министер за полиција, директор на БИА, министер за одбрана. И до ден-денес тишина.

Мицкоски со денови снимаше филмски акции. Запленуваше канабис пред камера. Обвинуваше. Се правеше ловец.

По повеќе од седум месеци за петте тони што излегоа од државава – ни збор. Ни истрага што се гледа. Ниту одговорност. Ниту име.

Како, со камери „Safe City“, со гранична полиција, со царина, со скенери, пет тони минуваат како да нема држава?

Како никој нема информација? Бандата гледа настрана кога товарот оди кон сестринска партија.

И сега, кога веќе оди на свечено предавање возила платени од ЕУ, нека се сети што не заврши.

Не ги заврши реформите што им ги вети на граѓаните. Истече и вториот рок.

Ланската година добија грејс-период од дванаесет месеци. Јуни помина. Домашната задача стои. ЕУ бара независни институции. Да нема нарачки по телефон во полиција, во суд и во обвинителство.

Последниот извештај на Европската комисија е катастрофален токму тука: мешање и притисок врз правосудството, сериозна закана за независноста на судовите.

ЕУ не носи возила за да се слика арамијата. ЕУ бара слободни институции што не одговараат на организирана криминална група. ВМРО-ОКГ сака институции што одговараат на Мицкоски.

Затоа Македонија стои во место. Затоа границата е сито кога треба. Затоа камерата работи на церемонија, а не на шверц.

Денеска нема потреба од нов говор. Има потреба од еден одговор од Мицкоски: како пет тони излегоа, кој молчеше и зошто шефот на бандата се прави слеп токму кога сестринската мрежа е во кадарот?!

СДСМ нема да гледа лента. Ќе го гледа товарот што помина. Додека Мицкоски дели возила против криминал, криминалот си ја заврши работата.