18 месеци нема правда за Кочани, судството под контрола на Мицкоски ги штити своите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Поминаа 18 месеци од трагедијата во „Пулс“ во која згаснаа 63 млади животи, а 193 лица беа повредени а правда нема.

Правдата за Кочани се топи пред очите на јавноста. Заробено судство под контрола на Мицкоски ги штити своите, а жртвите и нивните семејства ги остава без одговори и без правда.

Повеќе од две години власта на Мицкоски ги контролира полицијата, обвинителството и судството.

Мицкоски тврдеше дека ќе се повлече од политиката ако се докаже дека обезбедувањето во „Пулс“ е поврзано со ВМРО.

Како и за сè друго што ветил – излажа.

Додека Мицкоски зборува за „талог“ и „елита“, додека седи до државниот јавен обвинител и испраќа закани, родителите на загинатите повторно гледаат како институциите ја погребуваат правдата.

Сега и „Газда Деко“ е на слобода.

Го ослободуваат Груевски. Го ослободуваат Латас. Враќаат имот стекнат со криминал. Телохранители на Мицкоски кои тепаат жени се спасуваат од одговорност.

Нема одговорност за 5 тони дрога преку граница.

Нема одговорност за криминални тендри.

Се спасуваат градоначалници и функционери блиски до власта.

Така изгледа „правдата“ на Мицкоски – заштита за моќните, неправда за жртвите.

СДСМ стои со семејствата на загинатите и повредените во Кочани.

Бараме целосна, неселективна и вистинска одговорност за трагедијата. Правдата за Кочани не смее да истече.