Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски е најуспешниот проект на големосрпската политика во Македонија во изминатите децении.
Влијанието на таканаречениот „српски свет“ на Вучиќ во земјава е нотирано и во извештај на Европскиот парламент, а потврда граѓаните гледаат секој ден.
Мицкоски е дел од истата мрежа што води кон Вучиќ и кон структурите што го промовираат „српскиот свет“ и антиевропската агенда во регионот.
Copy-paste политика на неговиот ментор за наме намерна изолација, далеку од ЕУ, со антиевропска кампања и одработување за руската и кенската агенда.
Пулен на Мицкоски е Иван Стоилковиќ, министер во неговата Влада кој отворено застапува туѓи интереси од висока државна функција.
Се среќава со официјални претставници од Србија кои изнесуваат скандалозни ставови дека Македонија е „српска територија“ и дека Македонската православна црква е српска црква.
Стоилковиќ е близок со Гашиќ, поранешен директор на БИА, министер за полиција, сега министер за одбрана на Србија – човек поврзан со аферата „5 тони дрога“ и кој Македонија ја гледа како српска територија.
Соработув со Милош Вучевиќ, претседател на СНС, и организира контра-митинзи против младите во Србија – во Куманово.
Го велича воениот злосторник Ратко Младиќ, непосиво со европски вредности.
Мицкоски за сето тоа молчи и го штити Стоилковиќ.
Тоа не е обичен молк туку политичко соучество.
Тука се и бизнисите со струја, со Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија и бизнис-партнер на Мицкоски, кој отворено вели дека Македонија е „окупирана српска територија“.
Мицкоски работи и за иинтересите на Алта банка, банка во сопственост на браќата Вучиќ. Банка што служи за перење пари на СНС и ВМРО-ОКГ.
Банка што е под истрага во ЕУ поради потеклото на парите. Банка што служи за финансирање на 40% од медиумската мрежа на Орбан во Македонија, која е во служба на пропаганда по моделот на Гебелс, а во служба на ВМРО-ОКГ.
Паралелно се шири и медиумското влијание на круговите блиски до Вучиќ и Орбан, преку обидот за влез на „Ало“ и „Еуроњуз“.
Началникот Латас, долгогодишен промотор на антиевропски ставови, на „српскиот свет“ и на руските интереси во регионот, задолжен за палење на Американската амбасада, за 27 април и упадот во Собранието, сега тера и кампања за навреди, омаловажување и поделби, на „талог“ и „елита“.
Целта е Македонија да го преземе авторитарниот модел од Белград: контролирани медиуми, замолчена опозиција, поделено општество и институции ставени во служба на криминалната влада.
СДСМ заедно со граѓаните ќе се спротистави.
Македонија нема да биде ниту политичка ниту медиумска колонија на туѓи интереси.
Наскоро доаѓа времето на правдата и вистината.
