Арамија Мицкоски пак се задолжи, 36 милиони евра, и пак ќе рече дека буџетот е полн

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ повторно излезе на пазар со државни хартии од вредност.

Нови 36 милиони евра долг. Не инвестиција. Крпеница.

Истата државна каса што ја слават како трета економија во Европа, како 16 пати зголемени пензии, како “нула денари” за Гета.

Буџетот нема пари за минимална плата. Има пари за камата. Има пари за провизија. Нема пари за земјоделците и лозарите.

Има пари за бина. Нема пари без заем.

Фич ги остави на BB+. Не инвестициски рејтинг. Ризична држава. Затоа се задолжуваат поскапо од земјите што се една скала над нас.

Така се задолжија и со една милијарда кинески пари од унгарскиот кредит. За провизии и тендери за својте фирми.

Арамијата тоа го вика стабилност. Граѓанинот тоа го гледаат на личната сметка.

Шемата е проста. Прво ја празнат државата со криминални тендери, Лотарија, спектакл и свои фирми. Потоа излегуваат да продаваат хартии од вредност. Па на крај велат: опозицијата ширела паника. А обврзници се издаваат секоја недела затоа што касата е празна.

36 милиони евра заем денеска. 5,53 милиони евра на граѓаните вчера за диџеј.

Секоја недела десетици и стотици милиони долг. За две години – 4 милијарди евра. Тоа никогаш никој не го направил. 8 милијарди долг за 35 години, а Арамија Мицкоски – половина од тоа за само две години.

Дата-центрите утре ќе работат на народна струја. Пензиите во бајка. Фрижидерот и паричникот – празни.

Ова не е управување. Ова е задолжување за да се покрие кражбата. Државата не се води со обврзница. Се води со ред.

Кај ВМРО-ОКГ редот е само на аукција: колку ќе земат, колку камата ќе ви остават, колку ќе ви кажат дека сте живееле подобро.

Тој што се задолжува секоја недела, не гради иднина. Ја распродава. И таа цена ја плаќаат граѓаните.