Арамијата Мицкоски ја зголеми дупката во ПИОМ на 1 милијарда евра, пензиите ги доведе во ризик

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Арамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ во ризик.

Дупката во Пензискиот фонд ја зголемија на историски 1 милијарда евра. Тоа се над 14% од целиот државен буџет.

Иако од 1 јули придонесот за ПИОМ е зголемен за еден процентен поен, преку пренасочување на средствата што одеа во Агенцијата за вработување, дефицитот продолжува да расте.

Ова покажува дека ПИОМ станува неодржлив и сè позависен од буџетски трансфери, додека власта нема ниту план, ниту проекција, ниту решение.

ВМРО-ОКГ и Мицкоски имаат план само како да ги земат парите од граѓаните, а сè друго што ќе допрат – го растураат.

За само две години ја задолжија државата со 4 милијарди евра нов долг. Речиси секоја недела има ново задолжување, додека парите завршуваат во криминални партиски тендери, луксуз, нов авион и скапи партиски спектакли.

Само за една прослава потрошија 5,5 милиони евра, а за заштита на животниот стандард и сигурноста на пензионерите – нула денари и нула мерки.

Дополнително, Мицкоски го доведува во ризик и вториот пензиски столб. Најавите на власта се движат од национализација до наводна „реконструкција“, без конкретен модел и без гаранции за парите на осигурениците.

Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без важна потпора за идната пензија.

Тоа е класична импровизација и неодговорно поигрување со животната сигурност на стотици илјади сегашни и идни пензионери.

Пензиите не се милостина од Мицкоски, пензиите се стекнато право.