Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“, на телевизија Канал 5, нагласи дека власта потроши 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, во услови кога лозарите се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето. Филипче посочи дека целиот проблем со откупот на грозјето ќе беше решен со само 5,5 милиони евра, но Владата не презема мерки за да им помогне на лозарите додека грозјето скапува по лозјата.
„Зошто не се потрошија 5,5 милиони евра за земјоделците? Целиот проблем со откупот, сега на грозјето, ќе беше решен со 5,5 милиони евра. А сега скапува грозјето по насадите. Откупувачите не го откупуваат грозјето, и Владата нема мерка и никако не реагира.“ рече Филипче.
Во интервјуто, Филипче посочи дека состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата со ВМРО на власт, посочувајќи ги нискиот стандард, осиромашувањето на граѓаните и проблемите во повеќе сектори.
„Финансиската и економска криза во која што се наоѓаме, прекумерното задолжување, како никогаш досега од независноста, скоро 12 милијарди евра, а Владата на ВМРО наследи 8 милијарди евра долг, нискиот стандард и осиромашувањето на граѓаните, проблемите и катастрофата што се случува во секој сектор, во земјоделството, во образованието и здравството, сметам дека е еден така критичен период да треба да посветиме многу внимание и да зборуваме многу внимателно, затоа што можно е државата целосно да тргне во правец во којшто не сме се движеле од ’91-ва година наваму“ рече Филипче.


