Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“, на телевизја Канал 5, посочи дека додека граѓаните се соочуваат со социјални и економски проблеми, раст на трошоците, незивесност државата е изолирана, нема ништо од реформската агенда, Владата троши милиони евра на концерти.
„Што видовме од реформската агенда? Се смени системот? Се осетија тие пари? Парите отидоа на партиски тендери на Дејвид Гета – 5,5 милиони евра. Тоа е како да ви свири оркестарот на Титаник додека бродот тоне. Тоа е Дејвид Гета во организација на диџејот Христијан Мицкоски. Мислам дека е срамота така да се луксузираат кога луѓето имаат егзистенцијални проблеми“, рече Филипче.
Филипче потсети дека јавноста дозна за милионските трошоци откако СДСМ ги објави документите, посочувајќи дека претходно премиерот тврдеше дека прославата не ја чинела државата ништо.
„Кога ги извадивме документите, јасно и гласно се виде дека претходно, неколку месеци, биле свесни дека донеле одлука да се потрошат 5,5 милиони евра народни пари на нетранспарентен начин, прекршувајќи го Законот за јавни набавки, за да го донесат еден од најпознатите светски диџеи, кој, според проценката, не чини повеќе од 1 милион евра“, рече Филипче.
Притоа, Филипче додаде дека додека власта троши милиони евра за концерти, граѓаните се соочуваат со ценовни шокови а нема мерки, земјоделците се оставени без соодветна поддршка, а грозјето скапува по лозјата.
„Зашто не се потрошија 5,5 милиони евра за земјоделците? Целиот проблем со откупот сега на грозјето ќе беше решен со 5,5 милиони евра, а сега скапува грозјето како никогаш до сега. Не станува збор за откупна цена. Станува збор за тоа што воопшто не го сакаат откупувачите грозјето, и Владата нема мерки, и никако не реагира“ рече Филипче.


