Дата-центри, антимон, арамијата Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Од Вашингтон донесе нова стока. Дата-центри што ја јадат струјата. Рудник за антимон што ја јаде земјата. Иста реченица: стратегија, богатство, стандард. Истиот метод: бројка без хартија, проект без име, народ што ќе плати после.

Што е антимон? Без бајка.

Метал. Ретко се копа. Оди главно во воена индустрија – муниција, олово, пламен.

Мицкоски сам го кажа. Не е леб. Не е плата. Тоа е суровина за туѓа фабрика за оружје.

Како се вади: се копа руда, се дроби, се топи. Од јаловината и од водата околу рудникот излегува отров. Антимонот влегува во почва, во река, во бунар. Потоа во растенијата. Потоа во човекот.

СЗО има строг лимит во вода за пиење. Американската и европската агенција го водат како приоритетен загадувач.

Во близина на стари рудници во светот почвата и водата години остануваат отровни.

Се врзувааѕ често и со арсен. Белите дробови, црниот дроб, кожата, срцето – тоа не е пропаганда. Тоа е токсикологија.

Затоа на повеќе места во Европа такви ископи се запираат или се оспоруваат: не затоа што некој мрази инвестиции, туку затоа што после рудникот останува дупка и отров, а профитот заминува.

Тој вели резервите биле поголеми од првиот и вториот производител во светот. Не кажа колку тони. Не кажа каде. Не кажа кој копа. Не кажа што останува за селото до јаловиштето.

Истата шема како кај дата-центрите: пет-шест фирми под радар, гаранција на камера.

Зошто сега? Затоа што две и пол години нема резултат што се јаде.

Кошничката е до плафон поскапена. Пензијата е украдена со линеарни теилјада денари. ЕСМ тоне. Државата се задолжува. Водата се забранува по селата и населените места.

Тогаш се вади антимон и сервер како да се лек. Не се лек. Распродажба се.

Струјата за туѓа дигитализација. Рудата за туѓа војска. Провизијата за арамија.

Арамијата Мицкоски е армагедон за татковината.

Кога нема економија, продава ресурс. Кога нема ресурс, продава иднина.

Дата-центар плус антимон не е стратегија. Тоа е ликвидација на она што народот го пие, го ора и го плаќа.

СДСМ не е против руда ако државата знае што копа, што остава и што зема народот.

Ова не е тоа. Ова е договор без народ. Македонија не е депонија за туѓа индустрија и не е приклучок за туѓ сервер.