Пет милиони долари за антимон, 5.53 милиони евра за Гета – екскурзијата чинеше повеќе од „инвестицијата“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Арамијата од Вашингтон ја продаде веста: пет милиони долари грант за развој на антимон кај Крстов Дол, Луке, Крива Паланка.

Поведе делегација од околу педесет души на грб на граѓаните за да соопшти бројка помала од концертот.

Знаете ли колку е тоа малку за рудник?

За заштита на животна средина, на подземни води, на воздух од прашина од ископ – не стигнува ни десет пати повеќе.

Пет милиони не се рудник. Тоа е почеток на дупка.

Антимонот не е храна. Тоа е метал за воена индустрија. Од јаловината влегува во почвата, во бунарите, во растенијата.

СЗО има лимит во водата за пиење. Европа таквите ископи ги запира затоа што отровот останува, додека профитот заминува.

Прво: пет милиони на туѓа фирма за природен ресурс значи државата сама не сака да работи или не е способна.

Второ: нема буџет за човекот и за реката околу Крива Паланка.

Трето: намерно се дава надвор за провизија.

Грантот е за „развој на проектот“, не за рудник со филтри, мониторинг и санација. Тоа самиот го кажа меѓу редови.

За настап на прослава фрлија 5,53 милиони евра народни пари од Лотарија.

За отров што го викаат стратегија – пет милиони долари, туѓи, како милостина.

Делегацијата поскапо леташе отколку што вреди почетокот.

Чебрен и Галиште ги стави во истатата реченица. Дата-центрите исто. Сè што се јаде дома е без цифра. Сè што ја полни касата оди надвор.

Тоа не е инвестиција. Тоа е распродажба. Не е партнерство. Туку екскурзија со пленот во џеб.

Македонија не се мери со грант што не ја покрива ни прашината. Се мери со вода што се пие и со земја што се обработува.

Тоа Мицкоски го продава евтино. Концертот го плати скапо. Разликата е провизијата.