Соопштение за јавност
Божиновска бара извинување за 24 часа. СДСМ да ги повлече „лагите“. Фактите не се лаги. Тие се регистар.
Од 2011 до 2014 била извршен директор на Руднап Група за Централна и Источна Европа. Одговорна за активности во Северна Македонија, Србија, Бугарија и регионот.
Од 23 март 2012 до 11 март 2014 – управител на Руднап Бугарија ЕООД. Во 2012 таа фирма направила промет од над 130 милиони бугарски лева.
Името ѝ стои и во документацијата на загребската фирма на Руднап, промена регистрирана на 6 декември 2013, идентификувана со бугарски пасош.
Не била само вработена. Била запишана управител на компанија на Лазаревиќ во Бугарија и во списите во Хрватска.
Пред тоа, 2006–2011, работела во ЕЗПАДА, меѓународна трговија со струја. ЕЗПАДА се вкрстувала со мрежата на Руднап на Војин Лазаревиќ. Во 2011 нејзиното име влегува во собраниска расправа за увоз на струја.
РСЕ ги пренесува стенограмите: блискост на тогашните Руднап и ЕЗПАДА со тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот човек. Истата гранка. Тогаш имаше шеф. Денеска е министерка.
На 11 август 2026 ЕВН склучува околу 13,2 милиони евра со METER&CONTROL од Србија за броила.
СДСМ ја врзува фирмата со групацијата на Лазаревиќ.
Граѓанинот ќе ги плати на сметка. Таа вели нема врска со постапката. Врската е целата кариера.
Мостот меѓу Лазаревиќ и Мицкоски е Душан Адамовиќ. Човек со криминално минато. Навивач од хулиганските кругови околу Вучиќ. Висок кадар на СНС. Бизнис-партнер на арамијата. Почесен конзул на Македонија во Србија – човек што нашата земја ја нарекува окупирана српска територија, окупирана од Македонци.
Тој е врската. Преку него оди увозот на струја. Преку него се врзуваат Лазаревиќ, Мицкоски и министерството.
Божиновска е ставена да го води ресорот енергетика како човек од доверба на Лазаревиќ.
Затоа има ново министерство. Затоа има увоз. Затоа има броила. Затоа има барање за извинување наместо хартија.
Божиновска не е само човек од доверба. Дваесет години е во бизнис-релација со Војин Лазаревиќ – од ЕЗПАДА, преку Руднап во Софија, Загреб и Скопје, до министерското столче и договорот за броила. Иста гранка. Исти луѓе. Иста каса.
Адамовиќ го држи мостот. Мицкоски ја држи власта. Народот ја плаќа сметката.
Наместо извинување, го молиме Обвинителството, ако може да реагира без повик од Мицкоски.

