Филипче: Ќе поддржиме подобри услови за ЕУ, но што ако владата не ги обезбеди?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопшение за јавност

Претседателот на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, на денешната средба со делегацијата на Сенатот на Француската Република во Собранието, порача дека СДСМ ќе поддржи подобрување на условите во преговорите со Европската Унија, но го отвори прашањето што доколку Владата не ги обезбеди. Филипче укажа дека, времето поминува, Македонија стои во место, додека земјите од регионот напредуваат со евроинтегративниот процес.

„Ако оваа Влада обезбеди подобри услови во преговорите или гаранција дека во иднина нема да бидеме повторно блокирани на евроинтегративниот пат, ние тоа ќе го поддржиме. Но се поставува прашањето што доколку нема и не се обезбедат гаранции, и до кога ќе се обидуваат да се обезбедат некакви гаранции, затоа што времето поминува“, рече Филипче.

На средбата, Филипче изрази сомнеж дека Владата воопшто има вистинска европска ориентација и волја да го продолжи процесот.

„Се постава опрашањето до кога оваа Влада ќе се обидува, ако воопшто се обидува, имајќи предвид од овие работи кои што ги кажав. Лично имам сомнеж дека воопшто има европски тенденции, желба да се продолжи евроинтегративниот пат. Загрижен за евроинтегративниот пат на земјата и за перформансот кој што оваа Влада го има во изминатиот период во неколку сфери. И тоа е перформанс на кој што забелешки имаат дадено европските институции, влезени се забелешки во репортите на Европската Комисија во неколку важни сфери“, рече Филипче.

Во обраќањето, претседателот на СДСМ предупреди дека земјата веќе не е меѓу државите за кои е најавен јасен пат кон следните чекори и членството во Европската Унија.

„Во најавата на претседателката Фон дер Лајен за четири земји веќе е изгледен патот кои се следните чекори и членството, заклучно со крајот на овој мандат на Европската комисија, тоа се од регионот Црна Гора и Албанија, понатаму Молдавија и Украина, нас нè нема. Прашање е дали ќе влеземе во буџетирањето од Европската Унија.Верувам дека на крајот на месецот ќе ја слушнеме предсателката на Европската Комисија. Една од работите која што веројатно она ќе ги дискутира е дека нема да има веќе ниту ИПА механизм, значи нема да има пререзервирани средства, што е ризик за нас“, рече Филипче.

Линк до видео: