Соопштение за јавност
За еден диџеј 5,5 милиони евра, а за граѓаните нула – тоа е лицето на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на вечерашната промоција на програмата на кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Јовица Радевски. Филипче посочи дека ВМРО го излажаа народот и ја изиграа довербата што им ја дадоа луѓето и на локално и на централно ниво.
„Тоа е за жал реалната слика низ Македонија.Народот едвај врзува крај со крај. Работниците се со најниски плати во Европа, пресметуваат колку им останува да го истуркаат месецот, не им стига до следната плата. Пензионерите ги излажаа, земјоделците се оставени на цедилот, нема откуп, нема цени, нема пари за ништо. Тешко се живее и во Брвеница, во Гостивар, Тетово, во целиот регион, во цела Македонија, затоа што имаме арамиска власт која граба за себе, за криминални тендери, провизии, и не води грижа за луѓето и за нивните потреби“, рече Филипче.
Филипче потенцираше дека за барањето на СДСМ за минимална плата од 600 евра, Владатанема пари, ама има 5,5 милиони евра за еден диџеј.
„Ние бараме минимална плата од 600 евра а Владата вели нема пари за работниците.Ама за една вечер и еден диџеј дадоа 5,5 милиони евра. И тоа да се обидат да го сокријат. Прво лажеше Мицкоски дека не е даден ниту денар, но ние ги извадивме документите и немаше каде да бегаат. За еден диџеј 5,5 милиони евра. А за граѓаните нула. Ете го лицето на оваа власт.Ние немаме работа со нормална власт, имаме работа со криминална власт“ рече Филипче.
Тој додаде дека со сегашната минимална плата граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта не носи никакви мерки за да им помогне.
„Минималната плата е 26.046 денари. Синдикалната кошница за четиричлено семејство во септември достигна 70.000 денари а со кирија и 90.000 денари. Три минимални плати не ја покриваат таа кошница. Двајца работат, а семејството повторно мора да крати од основните потреби“ рече Филипче.
Линк до видео:



