Филипче: Јовица нуди конкретни решенија за Брвеница – вода, патишта, Дом на култура, чистење на депониите!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва од Брвеница повика на поддршка за кандидатот на СДСМ за градоначалник, Јовица Радески, посочувајќи дека тој пред граѓаните излегува со конкретна програма и решенија за проблемите со кои се соочува општината.

„Јовица Радески излегува пред вас со програма што ги опфаќа сите потреби на општината“ рече Филипче.

На промоцијата на програмата на кандидатот за градоначалник Радески, Филипче ги посочи конкретните проекти предвидени во програмата, меѓу кои обновување и проширување на водоводната мрежа, решавање на проблемот со вода во Гургурница, како и изградба на пречистителна станица за отпадните води.

„Обновување и проширување на водоводната мрежа и решавање на проблемот со вода во Гургурница. Пречистителна станица за отпадните води од Милетино, Челопек, Брвеница и Долно Седларце.“ рече Филипче.

Тој посочи дека програмата предвидува и подобрување на локалната инфраструктура, реконструкција на улиците и локалните патишта и проширување на мостовите во неколку населени места.

„Реконструкција на улиците и локалните патишта и проширување на мостовите во Челопек, Милетино и Стенче. Агроиндустриска зона за преработка, постабилен пласман и можности за нови работни места.Подобри услови во училиштата, дом на култура во Брвеница и дом за стари лица во Челопек. Управување со отпадот, расчистување на дивите депонии и уредени простори за одмор и рекреација, и уште многу други проекти. Затоа ја бараме вашата доверба“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека Јовица Радески, како актуелен советник и носител на советничката листа на СДСМ, ги познава проблемите на граѓаните и е подготвен да понуди конкретни решенија.

„Јовица е чесен и вреден човек, кој секојдневно е меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом во Брвеница. Како актуелен советник и носител на советничката листа на СДСМ, одблиску ги познава проблемите и потребите на граѓаните. Подготвен е со конкретни решенија, за промени на подобро, за сите граѓани на Брвеница“ рече Филипче.